Сабота, 19 Мај 2012 18:00
Во организација на Фондацијата Конрад Аденауер, Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ учествуваше на дводневен семинар заедно со младите од ЦДУ, партијата на Ангела Меркел од Германија на тема Локално политичко делување., партијата на Ангела Меркел од Германија на тема Локално политичко делување.
Сабота, 19 Мај 2012 14:35
Македонското студенско друштво денеска ќе одржи изборно собрание. Во друштвото членуваат околу 150 студенти етнички Македонци од соседните држави, стипендисти на македонската Влада, запишани на универзитетите во Македонија.
Во организација на Светскиот Македонски Конгрес, Македонското студентско друштво, во кое членуваат околу 150 студенти етнички Македонци, од соседните земји на Републиката, стипендисти на македонската Влада, запишани на универзитетите во Македонија, своето изборно собрание ќе го одржи на 19 мај 2012 година (сабота) во Големата сала на Стопанска комора на Македонија (над ресторантот Мек Доналдс во центарот на Скопје) со почеток во 13.00 часот.
Петок, 18 Мај 2012 13:53
Министерството за труд и социјална политика, соопштува дека согласно со Законот за празниците на Македонија, 24-ти мај (четврток), “Св. Кирил и Методиј“, Денот на сесловенските просветители, е неработен ден за сите граѓани на Македонија.
Четврток, 17 Мај 2012 18:20
ДУИ и ДПА бараат да бидат казнети припадници на затворските служби во затворот во Битола затоа што, според нивни сознанија, дел од притворените во случајот „Монструм“ биле малтретирани во овој затвор. Врз ниту еден затвореник не смее да се врши тортура,велат од двете партии на Албанците. ДПА уште нагласува дека работата е посериозна, зашто станува збор за „затвореници Албанци, кога во исто време министер за правда е Албанец“.Четврток, 17 Мај 2012 02:36
Не дека сум му кажал на Груевски, туку се знае дека името треба да се промени, компромисот треба да се постигне, нема друга алтернатива, рече денеска лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во емисија на Македонската телевизија на албански јазик.
Среда, 16 Мај 2012 15:49
Пријавување на новороденче, лиценца за категоризација на хотели и ресторани, издавање на работни дозволи за вработување на странци. За сите тие обврски министерството за информатичко општество наскоро ќе нè потсетува преку СМС или електронска пошта.
Среда, 16 Мај 2012 15:11
Религијата беше главен поттик во минатонеделните протести кои следеуваа по апсењето на дваесетина лица во полициската акција „Монструм“, по петкратното убиство кај Смиљковското езеро.Ова е констатација на претставници од двете најголеми верски заедници во земјава. Протојереј Драги Костадиновски вели дека МПЦ во никој случај не би повикала на масовен собир за решавање на проблемите. Убеден е дека тензиите дополнително беа предизвикани и од активисти кои делуваат надовор од Македонија.
Вторник, 15 Мај 2012 14:42
Денес претпладне, во битолскиот Безистен се слушнала експлозија. Од експлозијата, изгорела една од контролните табли за електрична енергија со која се снабдуваат дуќаните .Од околните објекти велат дека слушнале како нешто експлодира. Веднаш била повикана противпожарната служба на Битола која интерневирала во Безистенот. За среќа, никој не е повреден , јави Макфакс.
Понеделник, 14 Мај 2012 18:02
Во рамки на акцијата „Детонатор“,СВР Куманово во содејство со претставници од Управата за јавни приходи и Државниот пазарен инспекторат од Куманово, вчера во периодот од полноќ до 04,00 часот, изврши контрола на угостителски објекти на подрачјето на Крива Паланка.
Понеделник, 14 Мај 2012 15:47
Протестите да престанат и да се остават одговорните лица во Македонија на мир да го завршат процесот на истрагата за грозоморното убиство кај Смиљковското Езеро.
Ова вчера го порача Питер Стано, портпарол на еврокомесарот за проширување, Штефан Филе.
Страница 1 од 63
Skopje, Macedonia | |||||||
![]() |
| ||||||
| ![]() E | ||||||
| Детална Прогоза | |||||||
| Одберете го вашиот град... | |||||||
| |||||||