Среда, 22 Февруари 2012 10:28
На патниот правец Тетово - Попова Шапка се уште важи забраната за движење на автобуси. Укината е забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Дебар - Струга.
Од АМСМ на возачите им препорачуваат исклучително внимателно управување со возилата, прилагодена брзина на движење и одржување на потребното растојание помеѓу возилата. Посебна внимателност на патните правци Дебар - Струга, Маврово - Дебар, Катланово - Велес и Демир Капија - Удово поради честа појава на одрони.
Интензитетот на сообраќај е умерен надвор од градските средини. На граничните премини нема подолги чекања. Возачите се потсетуваат дека на сила е законската обврска, за задолжително поседување на зимската опрема во возилата, која ќе трае до 15 март 2012 година без оглед на моменталната временска состојба.
Сообраќајот во утринските часови се одвива тековно, во зимски услови, по влажни и лизгави коловози, наместа со остатоци од снег, особено на повисоките места и планинските премини.
| < Пред | Следно > |
|---|
Skopje, Macedonia | |||||||
![]() |
| ||||||
| ![]() E | ||||||
| Детална Прогоза | |||||||
| Одберете го вашиот град... | |||||||
| |||||||