Среда, 22 Февруари 2012 09:43
Собранието на Република Македонија денеска напладне ќе ја продолжи работата по 23. седница. Народните избраници ќе расправаат за закони и измени на закони предложени од опозицијата.
На дневен ред се Предлог законот за изменување на Законот за данокот на додадена вредност, во прво читање предложен од Изет Зеќири од НДП, предлог на закон за изменување на Законот за трансформација на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор на Република Македонија, во прво читање поднесен од Ивон Величковски од ЛДП и предлог на закон за дополнување на Законот за празниците на Република Македонија, во прво читање предложен од пратеничката група на ДПА. Ќе се расправа и за закони поднесени од пратеничките групи на СДСМ, НСДП, ПЕИ и СЛ.
И тоа за предлог на закон за дополнување на Законот за административните такси, предлог на закон за изменување на Законот за минимална плата во Република Македонија, предлог на закон за дополнување на Законот за работните односи, предлог на закон за изменување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување и предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност, сите во прво читање.
Синоќа Собранието гласаше за Законот за здравствена заштита со што тој оди во натамошна процедура односно во второ читање.
| < Пред | Следно > |
|---|
Skopje, Macedonia | |||||||
![]() |
| ||||||
| ![]() ESE | ||||||
| Детална Прогоза | |||||||
| Одберете го вашиот град... | |||||||
| |||||||