Среда, 22 Февруари 2012 20:27
Вчера Државниот завод за статистика ги објави официјалните податоци за трошоците на животот во Република Македонија. Според податоците, во јануари годинава во однос на јануари минатата година, трошоците на животот се зголемени за 3,4%, при што оние најважните, трошоците за исхрана се повисоки за 3,5%, а трошоците за домување се зголемени за речиси 8%. Уште повеќе, во јануари годинава во споредба со претходниот месец, значи само за еден месец, трошоците на животот се зголемени за 1,2%. Во последните две години, ова е втор најголем пораст на трошоците на живот што се случил само за еден месец.
Јасно е дека розевите очила и невкусната ароганција на Владата веќе не помагаат. Живеачката стана неиздржливо сурова, стравот и неизвесноста што ќе донесе утрешниот ден се огромни и граѓаните се во очај и паника. Поскапувањата и осиромашувањето се толку големи што тоа веќе ниту статистиката не може да го скрие.
Почитувани,вистината е жална. Во шестата година на владеење на премиерот Груевски и ВМРО-ДПМНЕ граѓаните се доведени со грбот до ѕидот. Резултатот од експериментите на оваа неодговорна и авантуристичка Влада се празни фрижидери и студени домови. И тука не помагаат бедните, бледи и изветвени објаснувања на ВМРО-ДПМНЕ. Јасно е дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ со премиерот Груевски на чело, ја изгуби битката со сиромаштијата, го направи животот во Македонија неподнослив и од ден на ден се повеќе ја уништува иднината на нашата земја. Затоа, не е изненадување што толку многу млади луѓе земаат странски пасоши и сакаат да се иселат од Македонија.
Врв на патриотизмот на една Влада е на граѓаните да им се овозможи добар живот во слобода и демократија во сопствената земја. Но, незнаењето и неспособноста на оваа Влада за решавање на најголемите проблеми на граѓаните веќе станаа драматични. Дилеми нема, работите не мораа да бидат вакви какви што се денес. Ама, во изминатите 6 години, премиерот Груевски, најголемиот трошаџија на народни пари во историјата на Македонија, парите требаше да ги троши за продуктивни намени.
Соопштение на СДСМ
| < Пред | Следно > |
|---|
Skopje, Macedonia | |||||||
![]() |
| ||||||
| ![]() ESE | ||||||
| Детална Прогоза | |||||||
| Одберете го вашиот град... | |||||||
| |||||||