Банер
Red Purple Black
Банер
Банер

ДПА против договорот со српската полиција

PDFПечатиЕ-пошта

Македонија

taci-izjavaУште невлезен во сила - договорот за соработка на македонската и српската полиција, ДПА ќе го оспорува неговиот легитимитет. Со закон ќе бара да се укине, затоа што не сакале ниту еден ден да функционира ваков, како што го нарекоа, екстремно штетен договор за Албанците.

- ДПА нема да дозволи геноцидната и криминална структура како полицијата на Србија да ја користи територијата на Македонија, населени места со Албанци како своја, предупреди координсторот на пратеничјата група Имер Алиу.

Партијата на Тачи обвинува дека ваквиот договор, аминуван од владејачките партии, задира во суверенитетот на државата. А, власта, тврди Алиу, наместо со евроатлантските интеграции инвестира во друга насока - денес Србија, утре Русија и Белорусија.

Право, на опозицијата е да предлага укинување, но претходно би било добро да иницираат промена на договорот за разграничување со Србија од 2001 година, кога ДПА беше на власт, возвратија од ДУИ. Отфрлајќи дека договорот е штетен за Македонија и нејзините граѓани.

- Микрофонот овозможува да се каже се и сешто. Но, фактичката состојба е сосема поинаква. Таа кажува дека односите се стриктно регулирани, одговори Талат Џафери од ДУИ.

Договорот меѓу Македонија и Србија ратификуван пред некој ден во Собранието го потпишаа министрите за внатрешни работи Јанкуловска и Дачиќ во окотомври 2010 година. И, со него се предвидува потесна соработка меѓу македонската и српската полиција во борбата против криминал.

ДПА против договорот со српската полиција
Банер

macedonia-in-nato-Banner

Macedonian Albanian Bulgarian Croatian English French German Greek Italian Russian Serbian Turkish

egotvac-baner

Macedonia news Маркетинг.
AngelVoip.com
Telephone system for small business..
Приватно сместување во Охрид
Private accommodation in Ohrid Macedonia..
Охрид Инфо
Сите Информации за Охрид на едно место
Банер
Банер
 
 Macedonia News На Мобилен
Читајте вести и преку мобилен едноставно внесете macedonia-news.info од вашиот мобилен телефон кој има пристап до интернет
(Не го користете мобилниот додека возите )

Овде може да ги најдете призводите на Јока Во Охрид и Струга