Среда, 22 Февруари 2012 22:09
Отсуството на судијата го одложи вчерашниот старт на судскиот процес за убиството на матурантот Мухамед Али Јашари, што се случи минатата година во дворот од средното училиште "Здравко Цветковски".
На обвинителната клупа се три момчиња од кои едниот е малолетник. Според обвинителниот акт првообвинетиот се товари за тешка телесна повреда со смртни последици, за што е предвидена затворска казна од 1 до 15 години затвор додека другите двајца одговараат за загрозување со опасно орудие при тепачка, за што Кривичниот законик предвидува казна до шест месеци затвор.
Семејството на убиеното момче вчера беше револтирано поради одложувањето на судскиот процес, но и поради пропуштената можност да се видат очи во очи со убијците на нивниот син. Тие сметаат дека кривичните дела за кои се товарат обвинетите се благи и оти тие треба да одговараат убиство и потешки дела.
Убиството на Јашари се случи на 8 април минатата година кога три момчиња дојдоа во средното училиште Здравко Цветковски" и нападнаа средношколец. Убиениот бил сведок на тепачката и притрчал во помош на нападнатиот. Во пресметката тој паднал на земја и според обдукцијата починал од вродените срцеви аномалии, што неговите најблиски го негираа.
| < Пред | Следно > |
|---|
Skopje, Macedonia | |||||||
![]() |
| ||||||
| ![]() ESE | ||||||
| Детална Прогоза | |||||||
| Одберете го вашиот град... | |||||||
| |||||||