Банер
Red Purple Black
Банер
Банер

Нимиц не најави предлог и по средбите во Атина

PDFПечатиЕ-пошта

Македонија

namic-iНа еден и пол часовниот работен ручек со специјалниот претставник на ОН, како што јавува Кана 5 .,Димас и Василакис ја повториле посветеноста на Грција за изнаоѓање решение, и потенцирале дека е потребна соодветна клима меѓу двете земји за да постои напредок.

Грчката влада е искрено заинтересирана за постигнување решение – ова е впечатокот на медијаторот Нимиц, по средбата со грчкиот министер за надворешни работи. На еден и пол часовниот работен ручек со специјалниот претставник на ОН, Димас и Василакис ја повториле посветеноста на Грција за изнаоѓање решение, и потенцирале дека е потребна соодветна клима меѓу двете земји за да постои напредок.

- Министерот за надворешни работи јасно ми кажа дека владата е искрено заинтересирана за решавање на овој проблем што е важен за регионот, а заемно прифатливо решение е очигледно целта. Тој ме охрабри да продолжам со мојот мандат во ОН во потрагата по решение, изјави Метју Нимиц – специјален претставник на ОН.


Грчката страна искажа загриженост за континуираните активности и изјави што ја отежнуваат атмосферата и ја потткопуваат иднината на преговорите. Грција е подготвена да учествува конструктивно во следните чекори од процесот – соопштуваат од грчкото МНР.

Неофицијално, одлуката од Хаг не била воопшто спомената,ниту пак станало збор за идентитетот, бидејќи тој не е во рамките за кои што се преговара. Запрашан за актуелната ситуација во земјата и претстојните избори, Нимиц, рече дека избори имало и ќе има во двете земји, тој разговара со владите и ако има избори ќе ја чека новата.

Еднодневната официјална посета на Атина Нимиц ја заврши со средба со премиерот Пападимос.

На средбите на Нимиц со Димас и Пападимос, им претходеа координативни состаноци на шефот на грчката дипломатија со поранешниот и со актуелниот премиер. Додека пак Караѕаферис, синоќа, преку писмо побара од Димас реферндум за името, за грчкиот народ да го одобри предлогот на ОН. Во спротивно ЛАОС нема да соработува во било какви процедури за прашањето за името. Во одговорот од министерот за надворешни работи, не е даден конкретен одговор на ова прашање, Димас објаснува дека Грција влада учествува во преговорите согласно со предвидената политика на актуелната влада.
Извор Канал 5

Нимиц не најави предлог и по средбите во Атина
Банер

macedonia-in-nato-Banner

Macedonian Albanian Bulgarian Croatian English French German Greek Italian Russian Serbian Turkish

egotvac-baner

Macedonia news Маркетинг.
AngelVoip.com
Telephone system for small business..
Приватно сместување во Охрид
Private accommodation in Ohrid Macedonia..
Охрид Инфо
Сите Информации за Охрид на едно место
Банер
Банер
 
 Macedonia News На Мобилен
Читајте вести и преку мобилен едноставно внесете macedonia-news.info од вашиот мобилен телефон кој има пристап до интернет
(Не го користете мобилниот додека возите )

Овде може да ги најдете призводите на Јока Во Охрид и Струга