Сабота, 19 Мај 2012 19:52
Претседател Иванов моментално престојува во Чикаго за самитот на НАТО и моментално ги посети македонците од сојузната држава Индијана во црквата Св. Петар и Павле во Крам Поинт во Индијана. Еден наш читател ни испрати слики .
Вечера Иванов ќе присуствува на гала прием во Чикаго во организира Обединетата македонска дијаспора во чест на македонскиот претседател, на која се поканети врвни бизнисмени од цел Америка и Канада ,како сенатори конгресмени пратеници врвни верски како и други високи функционери!
Сабота, 19 Мај 2012 18:00
Во организација на Фондацијата Конрад Аденауер, Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ учествуваше на дводневен семинар заедно со младите од ЦДУ, партијата на Ангела Меркел од Германија на тема Локално политичко делување., партијата на Ангела Меркел од Германија на тема Локално политичко делување.
Сабота, 19 Мај 2012 15:37
Маја Иванова, сопругата на македонскиот претседател, Ѓорге Иванов и министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска денеска точно напладне во центарот на Скопје, на плоштадот „Македонија“ се приклучија на маршот на Здружението „Борка-За секој нов ден“.
Маршот се одржа по повод традиционалната кампања за борба против ракот на дојката насловена „Напред розово 2012 - чекори против ракот на дојка“.
Сабота, 19 Мај 2012 14:35
Македонското студенско друштво денеска ќе одржи изборно собрание. Во друштвото членуваат околу 150 студенти етнички Македонци од соседните држави, стипендисти на македонската Влада, запишани на универзитетите во Македонија.
Во организација на Светскиот Македонски Конгрес, Македонското студентско друштво, во кое членуваат околу 150 студенти етнички Македонци, од соседните земји на Републиката, стипендисти на македонската Влада, запишани на универзитетите во Македонија, своето изборно собрание ќе го одржи на 19 мај 2012 година (сабота) во Големата сала на Стопанска комора на Македонија (над ресторантот Мек Доналдс во центарот на Скопје) со почеток во 13.00 часот.
Сабота, 19 Мај 2012 14:31
„Наместо да ги решаваат проблемите на граѓаните, градските власти пред пет месеци решија да потрошат 10 милиони евра за изградба на нова барокна административна зграда на ЈП „Водовод и канализација“. Ова на денешната прес-конференција го изјави Александар Наумоски, заменик-координатор на советничката група на СДСМ во Град Скопје.
Наумоски додаде и дека Бирото за јавни набавки објавило известување за склучен нов договор помеѓу „Водовод“ и австриската фирма „Алпине“ заради непредвидени и дополнителни работи настанати при изградбата на новата управна зграда, во износ од 12,5 милиони денари или околу 203.000 евра.
Сабота, 19 Мај 2012 13:40
Според опозиционата СДСМ, новиот бран кој го спроведува владејачката партија, била фасада со која Никола Груевски го пресретнувал незадоволството кај граѓаните.
“Партиско-пропагандниот театар на ВМРО ДПМНЕ наречен “нов бран“ е обична фасада со која Никола Груевски се обидува да го пресретне незадоволство кај граѓаните. Денес сме сведоци на уште едно скандалозно признание. ВМРО-ДПМНЕ соопштува дека Македонија е во толкава мера партизирана држава што дури и директор на основно училиште се менува со партиска директива на ВМРО-ДПМНЕ“, велат од СДСМ.
Сабота, 19 Мај 2012 13:33
Со промените во најголем дел е остварена првата фаза од новиот бран на партијата, со кој се опфатени околу 150 позиции на различни нивоа, рече пратеникот Александар Спасеновски од партијата ВМРО- ДПМНЕ.
“Нема напредок без реформи, нема развој без нови капацитети, тие го даваат квалитетот, тоа го раѓа напредокот. Успехот е резултат на континуирани промени. Тоа е целта на Новиот бран кој го промовираше ВМРО-ДПМНЕ. Ние тоа што го ветуваме и го исполниваме. Со вчерашните промени во најголем дел е остварена првата фаза од новиот бран, со кој се опфатени околу 150 позиции на различни нивоа- од директори на претпријатија, заменици директори, раководители на сектори, раководители на подрачни единици“, рече Спасеновски.
Сабота, 19 Мај 2012 13:27
ВМРО-ДПМНЕ денеска одржа протестен собир пред општина Карпош поради најавите на градоначалникот Стевчо Јакимовски дека ќе ја продаде општинската зграда.
- Расипничкото и недомаќинско однесување на градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски, ја доживеа својата кулминација. Општината е во милионски долгови, а Јакимовски како покритие бара да се продаде новата општинска зграда, објект кој што само пред две години беше целосно адаптиран, изјави Сашо Лазаровски.
Сабота, 19 Мај 2012 13:24

Петдневната посета на пет града во Кина, вклучувајќи го и Хонг Конг, беше доста успешна и од политички и од економски аспект, оцени премиерот Никола Груевски по неколкудневната посета на Кина каде заедно со владиниот тим ги презентираше можностите за инвестирање во Македонија.Тој истакна дека можностите за инвестирање во Македонија биле презентирани пред околу 500 компании во сите пет града во Кина и оцени дека имало добар одѕив.
- Ова е прва ваква презентација на Македонија. Во минатото средбите и доаѓањето во Кина биле само од политички карактер. Ова е прво на ваков масовен начин доаѓање и презентирање на Македонија, би рекол и агресивен начин на претставување, со медиумска покриеност во речиси сите места каде што бевме, со интервјуа за локалните медиуми и со директни презентации пред инвеститорите и директни разговори со нив, нагласи Груевски.
Сабота, 19 Мај 2012 13:10
Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска на маргините од Министерската конференција во рамките на Брдо процесот, оствари билатерална средба со својот словенечки колега, Винко Горенак.
На средбата беше разговарано на повеќе теми од заеднички интерес а регулирани со постоечките билатерални договори меѓу Македонија и Словенија на полето на заедничката борба против тероризмот, организираниот криминал и недозволената трговија со дрога, како и околу заедничкиот договор за враќање на лица чие влегување или престој е во спротивност со важечките прописи.
Страница 1 од 131