ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива за поништување на Законот за попис
ВМРО-ДПМНЕ денеска до Собранието ги достави потписите и записниците од иницијативата за донесување закон за поништување на Законот за попис.
„Ние како ВМРО-ДПМНЕ во повеќе наврати укажавме дека имаме лош закон, штетен закон, што нема да ја прикаже реалната состојба на жители во Македонија. Затоа, и преку Собранието поднесовме четириесетина суштински амандмани со коишто требаше да се подобри текстот на законот. За жал, сите амандманибеа одбиени“, изјави Ѓорѓија Сајкоски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
Исто така, додаде тој, укажавме дека лошо е да имаме врзан потпис затоа што прави сомнеж врз самиот процес.
„Укажавме дека никаде во светот нема попис на резидентно население, а да се попишуваат и нерезидентите, односно граѓаните кои не живеат во Република Македонија. Апелираме и укажуваме до власта да прекине со постапката за попис бидејќи секаде во Европа и во светот пописите се одложени за 2022 година. Ја повикуваме власта да се одважи и да го одложи пописот за 2022 година, да направат забелешки во текстот на законот и да го подобри за да може да имаме онаков попис каков што е потребен за развој на државата, бидејќи сегашниот текст на Законот за попис нема да донесе ништо што е различно од она што го имаме ние како државјанства во Република Македонија“, рече Сајкоски.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment