MkdNews.com

Јужноафриканската полиција ја расветлува смртта на познатата македонска инфлуенсерка

Јужноафриканската полиција ја расветлува смртта на познатата македонска инфлуенсерка
December 05
15:38 2022

Познатата македонска инфлуенсерка Маја Миа Јаневска од Охрид пронајдена мртва во домот на нејзиното момче во Африка.

Веста за трагичниот настан ја потврди и министерството за надворешни работи на Македонија преку надлежната надлежната Амбасадата во Каиро.

Нашите претставници се во постојана и непосредна комуникација со надлежните јужноафрикански власти како и со роднините на починатата, како во делот на утврдување на деталите така и околу организирањето транспорт на посмртните останки на починатата во земјава, соопштија од МНР.

Според првичните сознанија познатата шминкерка и бизнисменка Маја Миа починала од прострелна рана во главата, потврдила африканската полиција, а објави јужно африканскиот портал „News24“ Како што пишува порталот според првичните сознанија на афричката полиција се работи за не насилна, иако семејството и блиски на сега почината за „News24“ изјавиле не веруваат дека таа би си го одзела животот.

Во детали околу трагичниот настан „News24“ ојавува дека полицијата добила повик за лице кое наводно се самоубило во „Bassonia Estate“ и на лице место затекнале жена во спалната соба со прострелна рана во главата, а до нејзиното тело имало огнено оружје. Брзата помош само констатирала смрт“, изјавил портпаролот на полицијата, потполковник Мавела Масондо.

Јанеска во моментот на нејзината смрт била во врска со тајкунот Кајл Филипс, ко-директор на компанијата за цигари „Карнилинкс“ на Адријано Мацоти. Како што пишува порталот „Њуз24“ од свои извори дознава дека Филипс на блиските до инцидентот им кажал дека во моментот на смртта на Јанеска бил во куќата и се упатил кон собата каде што го затекнал безживотното тело.

Роднина, кој сакал да остане анонимен за „News24“ изјавил дека семејството е во „апсолутен шок“ од катастрофалните вести, кои што пак им ги соопштил поранешен соработник на нејзиното момче. Роднината за „News24“ открил и дека Маја понекогаш се плашела за својот живот.

“Нејзиното момче имаше мажи кои работеа за него, а таа се плашеше и од нив. Срцето ни е скршено и сериозно не знаеме што да правиме“. пишува порталот.

Според „News24“ блиска пријателка на Јанеска, Ива Ристиќ, веста за смртта е „срцепарателна“ и невозможна за обработка. „Разговарав со неа во четвртокот, и таа не сакаше да се самоубие. Таа не беше таква личност“, штотуку се вратила од дипломатско патување во Македонија. Беше толку убава жена, полна со живот, многу талентирана и амбициозна“, изјавила Ристиќ…

Неочекуваната смрт на популарната македонската инфлуенсерка на Инстаграм, чии 1,2 милиони следбеници вклучуваа и познати личности, го остави во тага нејзиното семејство и нејзините пријатели во Јужна Африка.

Неодамна беше во центарот на вниманието на јавноста во нашата земја откако фотографии со неа објавија актуелни политичари, меѓу кои и министерот за надворешни работи Бујар Османи и поранешниот министер за здравство, Венко Филипче.

Related Articles

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.