Мицкоски бара брзи предвремени парламентарни избори (Видео)
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на прес-конференција повика на брзи избори бидејќи, според него, на Македонија во моментот потребна ѝ е стабилна Влада за надминување со кризите кои нѐ очекуваат во иднина.
-Народот јасно кажа дека не верува во тоа дека оваа Влада може да се справи со овие последици. Со тоа, не само што легитимитетот е доведен во прашање, туку и под прашање е и мотивацијата на оваа Влада да се справи со овие проблеми. Сметаме дека прва опција е формирањето на ново парламентарно мнозиство, но нема да даде нова енергија потребна за реформите. Новата иднина која ќе ја градиме и решавање на овие наталожени проблеми. Тоа само ќе не внесе во нови разговори, преговори, понуди и слично кои ќе го разводенат капацитетот за управување на институциите и ќе се креира погрешна слика која нема да ја пресликува волјата на народот изразена на изборите коишто штотуку завршија. Затоа, во овој момент најдобро решение за Македонија е без одлагање, брзи предвремени парламентарни избори со почитување на уставните и законски рокови кои ќе обезбедат црста и стабилна Влада за решавање на актуелните проблеми и вадење на Македонија од кризата во која оваа корумпирана Влада ја втурна, рече Мицкоски.
Според него, потребни се брзи избори за кои нема да има алтернатива зашто потребна е стабилна Влада за надминување на кризите со кои Македонија ќе се соочи.
-Изборите се светлото од крајот на тунелот и патот на промените кои само тогаш ќе бидат целосни. Брзите избори ќе треба да обезбедат Влада која ќе спроведува политики, која ќе решава проблеми и ќе ја донесат новата иднина во која веруваме и за која се бориме, рече Мицкоски, додавајќи дека задачата на новата Влада ќе биде релаксирање на односите во општеството.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment