MkdNews.com

Протест на синдикатите пред Собранието, бараат повисоки плати

Протест на синдикатите пред Собранието, бараат повисоки плати
July 02
17:09 2022

Синдикалците, во фудбалски жаргон им поделија жолт картон на пратениците. Опомената ја поставија на столчињата кои ги наместија на главната улица пред законодавниот дом. Симболиката беше амандманот кој се најде на дневен ред на Комисијата за финансирање и буџет за зголемување на платите во јавниот сектор за 2.806 денари. Во оваа собраниска комисија членуваат 14 пратеници, осум беа против предлогот на ССМ, па добија жолти картони.
„Сите овие работници коишто се позади мене го чекаат нивниот глас ЗА. Ако не биде тоа така, ние јавно ќе побараме со име и со презиме оставка од тие пратеници, бидејќи ако дигнат рака за НЕ, ќе кажат дека не се за работникот и не се за народот во овие тешки моменти“, рече Дарко Димовски претседател на ССМ.

Од ресорното министерство посочија дека се за зголемување на платите во јавниот сектор, но бараат долгорочно решение.

„Eднаш засекогаш ќе воспоставиме систем кој ќе гарантира постојан раст на платите на работниците во јавниот сектор. Ќе има општ колективен договор кој ќе дава дополнителни права на работниците во јавниот сектор, меѓутоа не ад хок решенија кои не се системски решенија и не придонесуваат кон подобрување на правата на работниците“, наведуваат од Министерството за труд и социјална политика.

Синдикалците најавуваат радикализирање на протестите и продолжување на генералниот штрајк во јавниот сектор во случај властите да не овозможат зголемување на платата и исплата на К-15.

Related Articles

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.