Ѓоковиќ: Моето тело е оштетено, но тоа не е важно…

February 14
15:57
2021
Новак Ѓоковиќ е во четвртфиналето на АО 2021, противник му е Александер Зверев, исцрпувачки меч во траење од скоро 3 часа имаше со Милош Раониќ.
Србинот потенцира дека неговото тело е „оштетено“, но ако не бил добар немаше да игра.
„Се чувствував добро, ако не беше така немаше да играм. Моето здравје не е идеално, имам болки и да не беше во прашање турнир од ваква тежина како што е Гренд слем, дефинитивно немаше да го одиграм денешниот меч. Во следните два дена мој главен приоритет ќе биде што подобро да се заздравам и да се подготвам за четвртфиналето“, изјави Ѓоковиќ.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment