MkdNews.com

Сенатот го ослободи Трамп од обвиненијата, може повторно да се кандидира

Сенатот го ослободи Трамп од обвиненијата, може повторно да се кандидира
February 14
16:22 2021

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп е ослободен од обвиненијата за поттикнување на насилствата при упадот во американскиот Капитол на 6 јануари, откако Сенатот не го обезбеди потребното дво-третинско мнозинство. За вина на Трамп гласале 57 сенатори, или 10 помалку од потребното мнозинство, но интересно е тоа што на демократите им се приклучиле и 7 републикански сенатори. Во дебатата која се разви, дел од сенаторите побараа осуда на Трамп, со цел да се спречи тој повторно да се кандидира за Претседател.

,,Тоа што го видовме во Сенатот денеска беше кукавичка група на републиканци кои во моментов немаат друга опција, бидејќи се плашат да си ги заштитат своите работи и да ја почитуваат опцијата во која служат. Зошто, бидејќи можеби не можат да најдат друга работа.

Според адвокатите на Трамп, нападот бил „страшен“, но процесот е неправеден, а демократските обвинители ги нарекоа лицемерни. Според одбраната, станува збор за „политичка одмазда“. Најголемо внимание предизвика говорот на еден од лидерите на републиканската партија Мич Меконел кој иако во говорот го обвини Трамп, сепак гласаше за негово ослободување.

,,Нема никакви сомнежи дека претседателот Трамп е практично и морално одговорен дека ги испровоцира настаните тој ден. Нема сомнежи за тоа. Во овој случај, прашањето е неважно, бидејќи поранешниот претседател Трамп според уставот не е подлежен за да биде осуден.

По гласањето, американскиот претседател Бајден изјави дека станува збор за тажно поглавје од американската историја, и ги повика американците да го почитуваат уставот. Неговиот претходно Трамп пак, кој се соочува со забрана на социјалните мрежи, изјави дека движењето да ја направи Америка повторно голема допрва ќе започне, а во следните месеци ќе открие кои ќе му бидат следните чекори. Доколку сенатот го изгласаше импичментот, Трамп ќе добиеше забрана да учествува на било какви избори во иднина.

Related Articles

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.