MkdNews.com

Ал Пачино одбил главна улога во „Убава жена“ наспроти Џулија Робертс

Ал Пачино одбил главна улога во „Убава жена“ наспроти Џулија Робертс
February 08
18:53 2021

Легендарната кариера на Ал Пачино трае неколку децении и вклучува неколку од најнезаборавните филмови во историјата на кинематографијата. Од „Кум“ до „Лице со лузна“ („Скарфејс“) и многу други…тој остави трага во Холивуд што нема лесно да се заборави.

И иако глумеше во некои исклучително успешни филмови, тој исто така пренесе и свој удел во нив.

А верувале или не, Пачино требало да глуми во големиот хит „Убава жена“ од 1990 година, наспроти Џулија Робертс. Сепак, откако му била понудена улогата, тој одлучил да не се пријави за филмот, пренесуваат таблоидите.

Пачино ја откри приказната зад неговата аудиција за филмот во интервју за GQ.  Во заедничко интервју со Роберт де Ниро, легендите на својата генерација, говореа за нивното петдецениско пријателство.

„Читав на глас со младата Џулија Робертс“, рече Пачино, додавајќи дека кога веднаш штом почнал да го чита сценариото, знаел дека филмот ќе биде голем хит. Но, во воа време Пачино снимал нешто друго.
Пачино откри и дека бил особено импресиониран од Робертс, коај во тоа време сè уште беше релативно непозната актерка.

„Таа беше феноменална“, рече Пачино. „Мислам дека му реков на Гари Маршал: Каде ја најде оваа девојка? И, навистина, имаше чувство за тоа. А филмот е доказ дека инстинктот е точен.“

Related Articles

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.