MkdNews.com

СДСМ тврдат дека Арсовска има и бугарска лична карта, таа веќе поднела тужба

СДСМ тврдат дека Арсовска има и бугарска лична карта, таа веќе поднела тужба
October 27
18:40 2021

Само еден ден откако излегоа со тврдење дека има бугарско државјанство, СДСМ извадија нов документ за Данела Арсовска, кандидат за градоначалник на Скопје.

Овојпат тврдат дека се работи за нејзина лична карта, извадена во Бугарија на 5 мај 2017 та година, на која стои името Даниела.

Петровска вчера објави документ од бугарското Министерство за правда, како аргумент дека Арсовска има бугарско државјанство, потврдено со указ потпишан од бугарскиот вицепретседател.

Арсовска ги негира обвинувањата, бара јавно извинување од СДСМ, а веќе поднела и тужба.

Арсовска тврди дека никогаш не го користела името Даниела, дека е крстена по нејзиниот дедо Дане и цел живот живее во Скопје.

За тоа што, кога, на сајтот на бугарското МВР ќе се искуца бројот на личната карта што ја објавија СДСМ, излегува дека документот е валиден, вели дека не знае чија е таа лична карта.

На прашањето, дали ќе побара доказ од бугарските институции дека личната карта не е нејзина, одговори дека тие треба да го докажат тоа што го тврдат а таа не може да бара докази дека не постои во Бугарија.

Арсовска обвини и дека намерно се шират лаги кусо пред изборите, со цел да и` се оневозможи низ правна постапка да ја докаже вистината.

Изненадена е од ваквите напади од луѓе за кои вели дека пет години ја викале да им дава економски совети и седеле со неа на маса.

Тврди и дека, токму од владата на Заев е потпишана одлуката со која таа станала унгарски конзул во Македонија, оттаму и се прашува, дали тоа го направил свесно за да може сега да ја напаѓа?

Премиерот утрово ја повика Арсовска да се откаже од кандидатурата затоа што е премногу тоа што е почесен конзул на Унгарија и државјанин на трета држава. Рече дека во Скопје се бира градоначалник, а за кмет може да се кандидира во Бугарија.

По ова од ВМРО ДПМНЕ му порачаа дека единствената бугарска врска во Македонија е тој самиот.

Го потсетија на неговите пораки до Бугарија дека сме „братски хора, с`шти народ„ и  дека Бугарите не биле окупатори, туку администратори.

Далиборка Демјанска Цветановска

Related Articles

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.