Георгиески му ја честита победата на новиот градоначалник на Охрид (Видео)

Досегашниот градоначалник на Охрид Константин Георгиески денеска на противкандидатот Кирил Пецаков му го честиташе остварениот резултат во вториот круг од локалните избори, посакувајќи му успех во четиригодишниот градоначалнички мандат.
Георгиески се заблагодари на оние што гласале за него вчера, за одлучноста, за поддршката, за сполотеноста во заедничката цел да се продолжи по започнатиот пат, но констатира дека сепак мнозинството граѓани во Охрид се одлучила за промени.
– Ја почитувам демократската одлука на охриѓани, се надевам дека го направија вистинскиот избор. Им благодарам на сите соработници, сопартијци во целокупната кампања, теренската работа и борбата за подобра иднина за нашиот град. Охрид е наше најскапоцено богатство
и заслужува да оди напред, охриѓани ги заслужуваат најдобри политики, најдобри проекти и многу работа, изјави Георгиески.
Тој уште рече дека му била чест изминатите 2,5 години да им служи на Охрид и на охриѓани, задоволен и горд на сите реализирани проекти и
сите остварени успеси изминатиот период.
– Носевме храбри и важни одлуки со кои се направи историски напредок. Ја раздолживме општината, го сочувавме статусот на УНЕСКО и значително ги подобривме условите во инфраструктурата и обрзованието. Оставаме голем број готови проекти, кои се надевам дека новата локална власт успешно ќе ги реализира. Уште еднаш им благодарам на сите граѓани за довербата и целокупната поддршка до сега. Мојот интерес и мојот избор секогаш ќе биде Охрид и чест ми е што имав можност да работам за доброто на овој прекрасен град, објави Георгиески на својот Фејсбук-профил.
На вчера одржаниот втор круг од локалните избори, Георгиески ја доби довербата на 13.186 граѓани на Охрид, додека за новиот градоначалник
Кирил Пецаков гласаа 16.993 граѓани.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment