MkdNews.com

Крцоски: Оспособување на објект за повторно отворање на подрачна единица на СВР Охрид во Мешеишта

Крцоски: Оспособување на објект за повторно отворање на подрачна единица на СВР Охрид во Мешеишта
October 20
04:59 2021

„Најдобрите проекти за најдобар развој на општина Дебрца – оспособување на објект за повторно отворање на подрачна единица на СВР Охрид во с.Мешеишта.

Силната динамика на развој која ја практикува централната власт во изминатиот период, мора да продолжи преку проекти кои ќе ја развиваат и унапредуваат нашата општина.

Како локална самоуправа ќе вложиме во реновирање и оспособување на објектот во Мешеишта, кој во минатото се користеше како полициска станица, и преку соработка со Министерството за внатрешни работи силно ќе се заложиме за повторно отварање на подрачна единица на СВР Охрид во реновираниот објект.

Овој објект е од особена важност за безбедноста и сигурноста на целокупното население на општина Дебрца.

Од проектите зависи квалитетот на живот, каква ни е општината, таков ќе ни биде и животот.“ – истакна кандидатот за градоначалник на општина Дебрца од редовите на СДСМ, Игор Крцоски – Манце.

Related Articles

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.