MkdNews.com

Пристигнуваат Кинеските вакцини, договорот тајна!

Пристигнуваат Кинеските вакцини, договорот тајна!
February 08
17:16 2021

Министерот за здравство Венко Филипче го потпиша договорот за кинеските вакцини, деталите се тајна.
Македонија ќе добие 200 000 илјади вакцини од кинескиот производител „Синофарм“. Вакцините се очекува да пристигнат месецов, со што треба да започне имунизацијата во земјата, која остана речиси последна на Балканот, и се најде на листата на малубројни земји кои се уште не ја започнале имунизацијата на населението против опасниот Ковид-19.

Министерот за здравство Венко Филипче денеска стави попис на документот за набавка на вакцините. Детали од договорот не се обелоденуваат – тој останува таен за јавноста.

Не се знае кога точно пристигнуваат

„Обезбедуваме 200 илјади вакцини кои ќе стигнат во февруари, а точниот датум на испораката ќе биде утврден во следните денови. Ја почитуваме одредбата од договорот за тајност, податоците остануваат доверливи. Направивме детален план за процесот на вакцинација во три фази. Сите вакцини се безбедни и сигурни за граѓаните. Со имунизацијата почнуваме овој месец“, вели министерот Филипче.

инистерството за здравство информира дека во две смени ќе работат пунктовите за вакцинација, а термини ќе бидат закажувани на 10 минути. „Овој тип вакцини има оптимален однос помеѓу безбедноста и ефикасноста, поради тоа може да се даваат на сите граѓани, без ограничување по која било основа“, соопштија од Министерството за здравство.
Според Националниот план за вакцинација против Ковид-19, први ќе се вакцинираат здравствените работници од ковид центрите, матичните лекари и останатите вработени во матичните ординации, вработените во Итна помош и други здравствени работници , како и возрасните граѓани над 70 години.

Related Articles

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.