Банер
Red Purple Black
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
ОМД сo Петиција до Обама лобира за Македонија да влезе во НАТО

ОМД сo Петиција до Обама лобира за Македонија да влезе во НАТО 

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) денеска најави петиција до американскиот претседател Барак Обама и сите шефовите на САД барајќи од лидерите на НАТО да се даде членство во НАТО на Македонија на претстојниот самит на НАТО во Чикаго на 20-21 мај, 2012 година.ОМД ги повика Македонците и пријатели на Македонија од целиот свет да ја потпишат петицијата, и да  го на рашират линкот што е можно повеќе .Од ОМД велат дека се потребни да се соберат 100.000 потписи пред Самитот во Чикаго.

Нимиц не најави предлог и по средбите во Атина

Нимиц не најави предлог и по средбите во Атина 

На еден и пол часовниот работен ручек со специјалниот претставник на ОН, како што јавува Кана 5 .,Димас и Василакис ја повториле посветеноста на Грција за изнаоѓање решение, и потенцирале дека е потребна соодветна клима меѓу двете земји за да постои напредок.Грчката влада е искрено заинтересирана за постигнување решение – ова е впечатокот на медијаторот Нимиц, по средбата со грчкиот министер за надворешни работи. На еден и пол часовниот работен ручек со специјалниот претставник на ОН, Димас и Василакис ја повториле посветеноста на Грција за изнаоѓање решение, и потенцирале дека е потребна соодветна клима меѓу двете земји за да…

Одложено судењето за убиството на матурантот во ГУЦ

Одложено судењето за убиството на матурантот во ГУЦ 

Отсуството на судијата го одложи вчерашниот старт на судскиот процес за убиството на матурантот Мухамед Али Јашари, што се случи минатата година во дворот од средното училиште "Здравко Цветковски".На обвинителната клупа се три момчиња од кои едниот е малолетник. Според обвинителниот акт првообвинетиот се товари за тешка телесна повреда со смртни последици, за што е предвидена затворска казна од 1 до 15 години затвор додека другите двајца одговараат за загрозување со опасно орудие при тепачка, за што Кривичниот законик предвидува казна до шест месеци затвор.

ДПА против договорот со српската полиција

ДПА против договорот со српската полиција 

Уште невлезен во сила - договорот за соработка на македонската и српската полиција, ДПА ќе го оспорува неговиот легитимитет. Со закон ќе бара да се укине, затоа што не сакале ниту еден ден да функционира ваков, како што го нарекоа, екстремно штетен договор за Албанците.- ДПА нема да дозволи геноцидната и криминална структура како полицијата на Србија да ја користи територијата на Македонија, населени места со Албанци како своја, предупреди координсторот на пратеничјата група Имер Алиу.

Бичиклиски.: Стевчо дели пари на блиски роднини

Бичиклиски.: Стевчо дели пари на блиски роднини 

Презентирајќи документи како доказ, ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш го обвинува градоначалникот на Карпош, Јакимовски, за недомаќинско трошење.Во продолжение следува интегрален текст од прес конференцијата на портпаролот на владеачката партија, Александар Бичиклиски.Стевчо Јакимовски и Општината Карпош не само што ќе потрошат еден куп пари за небитни караоке забави, туку тие си делат пари и на блиски роднини на функционери на СДСМ.Ова е документ од програмата за култура, каде се гледа дека Општината Карпош ќе издвои 120 000 денари за реализација на проект фото работилница, чиј реализатор е фирмата АД Фотографи ДОО-Скопје-Карпош.

Николовски Од ВМРО-ДПМНЕ: Куманово живее во 19 век

Николовски Од ВМРО-ДПМНЕ: Куманово живее во 19 век 

Куманово живее како да е во 19 век, а за тоа е одговорен самиот градоначалник, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.Во продолжение следува интегрален текст од прес конференцијата на Бобан Николовски, координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ од Куманово.Куманово живее како да е во 19 ти век.Најодговорен за тоа е Зоран Дамјановски кој што веќе е осма година градоначалник на општина Куманово. 8 години не успеа да го реши проблемот со вода за пиење. Колку и да имаше проблеми општината, за 8 години можеше се да реши.

СДСМ: Eкспериментите на власта донесоа поголема сиромаштија

СДСМ: Eкспериментите на власта донесоа поголема сиромаштија 

Вчера Државниот завод за статистика ги објави официјалните податоци за трошоците на животот во Република Македонија. Според податоците, во јануари годинава во однос на јануари минатата година, трошоците на животот се зголемени за 3,4%, при што оние најважните, трошоците за исхрана се повисоки за 3,5%, а трошоците за домување се зголемени за речиси 8%. Уште повеќе, во јануари годинава во споредба со претходниот месец, значи само за еден месец, трошоците на животот се зголемени за 1,2%. Во последните две години, ова е втор најголем пораст на трошоците на живот што се случил само за еден месец.

Трајковски бил убиен оти им се заканувал на западни дипломати

Трајковски бил убиен оти им се заканувал на западни дипломати 

Претседателот Борис Трајковски бил убиен оти на високи западни државници им се заканил дека ќе обелодени компромитирачки информации за нивна вмешаност во корупција, за време на косовскиот конфликт и бегалската криза во 1999 година.Според адвокатот Игнат Панчевски, кој завчера тврдеше дека ги има сите докази оти паѓањето на претседателскиот „кингер“ на 26 февруари 2004 година не било несреќа туку атентат, Трајковски имал документи што би можеле да го нарушат угледот на некои западни дипломати што во 1999 година престојуваа во Македонија, за време на напливот на бегалци од Косово.

Забрана за автобуси на патот Тетово - Попова Шапка

Забрана за автобуси на патот Тетово - Попова Шапка 

На патниот правец Тетово - Попова Шапка се уште важи забраната за движење на автобуси. Укината е забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Дебар - Струга.

Pre 1 2 3 Next

Банер
Банер

Вести

ОМД сo Петиција до Обама лобира за Македонија да влезе во НАТО
Обединетата македонска дијаспора (ОМД) денеска најави петиција до американскиот претседател Барак Обама и сите шефовите на САД барајќи од лидерите на НАТО да се даде...
Нимиц не најави предлог и по средбите во Атина
На еден и пол часовниот работен ручек со специјалниот претставник на ОН, како што јавува Кана 5 .,Димас и Василакис ја повториле посветеноста на Грција за изнаоѓање...
Одложено судењето за убиството на матурантот во ГУЦ
Отсуството на судијата го одложи вчерашниот старт на судскиот процес за убиството на матурантот Мухамед Али Јашари, што се случи минатата година во дворот од...
ДПА против договорот со српската полиција Македонија 22 Февруари 2012, 22.04
ДПА против договорот со српската полиција
Уште невлезен во сила - договорот за соработка на македонската и српската полиција, ДПА ќе го оспорува неговиот легитимитет. Со закон ќе бара да се укине, затоа што не...
Бичиклиски.: Стевчо дели пари на блиски роднини
Презентирајќи документи како доказ, ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш го обвинува градоначалникот на Карпош, Јакимовски, за недомаќинско трошење.Во продолжение следува...
Николовски Од ВМРО-ДПМНЕ: Куманово живее во 19 век
Куманово живее како да е во 19 век, а за тоа е одговорен самиот градоначалник, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.Во продолжение следува интегрален текст од прес конференцијата...
СДСМ: Eкспериментите на власта донесоа поголема сиромаштија
Вчера Државниот завод за статистика ги објави официјалните податоци за трошоците на животот во Република Македонија. Според податоците, во јануари годинава во однос...
Трајковски бил убиен оти им се заканувал на западни дипломати
Претседателот Борис Трајковски бил убиен оти на високи западни државници им се заканил дека ќе обелодени компромитирачки информации за нивна вмешаност во корупција,...
Продолжение на 23.седница на собранието Македонија 22 Февруари 2012, 09.43
Продолжение на 23.седница на собранието
Собранието на Република Македонија денеска напладне ќе ја продолжи работата по 23. седница. Народните избраници ќе расправаат за закони и измени на закони предложени...
УЈП ќе го ''пломбира'' Охридско Лето Македонија 21 Февруари 2012, 22.50
УЈП ќе го ''пломбира'' Охридско Лето
Нашите соработници од Ohrid1 објавуваат дека Фестивалот Охридско Лето должи околу 150 000 евра на Управата за јавни приходи по основ на неплатен данок, а директорот Васко...
Обид за криминал во Министерството за земјоделство
Три лица, од кои еден вработен во Министерството за земјоделство, се уапсени откако Финансиската полиција го разоткрила нивниот обид да проневерат околу 1,75 милиони...
Груевски се сретна со европратениците „Пријатели на Македонија“
Македонскиот премиер Никола Груевски оствари средба со европратениците и членови и на групата „Пријатели на Македонија“, Ричард Ховит, Едвард Кукан и Алојз Петерле....
Банер
Macedonian Albanian Bulgarian Croatian English French German Greek Italian Russian Serbian Turkish
Macedonia news Маркетинг.
AngelVoip.com
Telephone system for small business..
Приватно сместување во Охрид
Private accommodation in Ohrid Macedonia..
Охрид Инфо
Сите Информации за Охрид на едно место
Банер
Банер
 
 Macedonia News На Мобилен
Читајте вести и преку мобилен едноставно внесете macedonia-news.info од вашиот мобилен телефон кој има пристап до интернет
(Не го користете мобилниот додека возите )

Овде може да ги најдете призводите на Јока Во Охрид и Струга